Тотенхем ќе мора да се мачи уште најмалку 90 минути за да се обиде да стигне до четврт-финалето од ФА Купот на Англија, откако „спарси“ вечерва одиграа 2-2 на гостувањето против Рокдејл. Слично како и во претходната рунда против Њупорт, лондонскиот клуб повторно потфрли потценувајќи го противникот, па ќе мора на домашен терен да брка пласман во следната фаза.
Хендо беше стрелец на водечкиот гол за Рокдејл, а во 60. минута на 1-1 израмни Лукаш Моура, со неговиот прв погодок за Тотенхем по јануарскиот трансфер од ПСЖ. Многу возбудливо беше во самата завршница, Тотенхем поведе со 1-2 по пеналот на Хари Кејн, откако Деле Али прелесно падна во противничкиот шеснаесетник, а судијата покажа на белата точка. Сепак, тоа не беше крај, бидејќи Рокдејл покажа карактер и во судиското продолжение успеа да стигне до израмнување преку Дејвис, изборувајќи се за повторен меч на „Вембли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА