Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем. Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.
Како тренер, 47-годишниот Периќ во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.
„За Македонија ме врзуваат убави спомени бидејќи на почетокот на мојата кариера играв во Битола. Исто така во еден период и мојот татко беше тренер на Вардар, па затоа ја чувствувам поврзаноста со тимот. Верувам дека заедно со Вардар ќе продолжиме со добрите резултати и во иднина ќе има добри голмани кои и досега беа препознатлив дел од тимот. Одамна се имам запознаено со амбициите на Вардар и со неговиот сопственик Сергеј Самсоненко, и ова сигурно ќе биде нов предизвик и за мене. Очекувам заедно со тимот и стручниот штаб да соработуваме добро и да донесеме уште подобри резултати. Вардар е тим од самиот европски врв, има одлични играчи и услови и тоа е добар предуслов за продолжување на она што клубот во моментов го има постигнато“ – вели Дејан Периќ за официјалната интернет страница на „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА