И се случи најлошата „ноќна мора“: Се распара костумот… но морав да продолжам да лизгам (ФОТО + ВИДЕО)

Долги години течат подготовките на спортист(к)ите за настап на Олимписките игри, кога ќе дојдат од срце се надеваат на најдоброто…

Но, на ЗОИ во Пјонгчанг не заврши се најдобро за 22-годишната Габриеала Пападакис која со партнерот Џуламео Цизерон ја претставуваа Франција во уметничко лизгање. За време на лизгањето на Габриела и се распара костумот, се склизна надоле и и ги откри градите…

„Ми се случи најлошата ноќна мора… Беше тоа, во најмала рака, збунувачко и застрашувачко искуство. Почуствував како костумот за лизгање се поместува и само се молев во себе, ништо друго не можев да направат… Сама на себе си кажав дека мора да продолжам да лизгам без разлика на се! Тоа и го направив, и на крајот може да кажам дека сум гордна на Џуламео и на себе“ – изјави по настапот Пападакис.

Француската двојка, инаку двократен светски и четирикратен европски шампион во уметничко лизгање, натпреварувањето го заврши на второто место, веднаш зад канадската двојка.

 

Се вчитува...