Трет допинг скандал во Пјонгчанг: Словенечки хокеар мора да го напушти Олимпиското село

Словенечкиот хокеар Жига Јеглиќ е третиот спортист кој падна на допинг – тест на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг, соопшти Судот за спортска арбитража (ЦАС). Јеглиќ бил позитивен на „фенотерол“, кој се користи за проѓирување на дишните патишта. Словенечкиот хокеар е суспендиран и наредено му е во рок од 24 часа да го напушти Олимпиското село.

Пред Јеглиќ, на допинг – тест во Пјончанг паднаа и рускиот натпреварувач во карлинг, Александар Крушелнитскиј, и јапонскиот натпреварувач во брзо лизгање, Каи Сато.

 

Се вчитува...