Поради безбедносни причини, како и што можеше да се очекува, нема да биде дозволен влез на гостински навивачи на утрешниот прв натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкендија на „Филип Втори“, информираат од најтрофејниот македонски клуб.
„За овој натпревар отворени ќе бидат само јужната и западната трибина, додека новинарските екипи ќе влегуваат на северната трибина. Забранет е влез за гостински симпатизери на трибините на стадионот. Купувањето на влезница ќе биде овозможено единствено со покажување на лична идентификација. На еден документ следува една влезница. Билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ ќе биде отворена на денот на натпреварот од 12 часот. Влезница ќе чини 100 денари. Апелираме поддршката да биде со фер и со коректно навивање без извици и пароли на национализам и расизам. Само така ќе го заштитиме Вардар од санкции, и само така ќе можеме да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа на овој меч“ – информираат од ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА