Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за време на отворањето на новиот објект во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот“ јасно ја потенцираше довербата која ФФМ ја ужива во европски рамки како сериозен партнер за решавање на проблемите со кои се соочува македонскиот фудбал.
Во подолго интервју и за ФФМ ТВ, Чеферин нагласи дека во следниот период УЕФА силно ќе се фокусира на решавање на проблемот околу местењето на натпреварите ширум Европа…
„Местењето натпреварите е рак рана на фудбалот. На највисоко ниво може да кажам дека тоа го нема. Но, колку е пониско нивото на натпреварување опасностите се се поголеми. Во УЕФА сега активиравме посебно одделение кое се вика заштита на фудбалот, во кое се грижиме само да го сопреме местењето на натпревари“ – вели Чеферин.
Првиот човек на УЕФА, меѓу другото, во „Куќа на фудбалот“ одговара и на прашањата за угледот на Фудбалската федерација на Македонија во европски рамки, поддршката од претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски за неговата кандидатура, но и за Лигата на нации како огромна можност за помалите земји да се најдат на Европско првенство…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА