Нов Зеланд го доби првиот медал на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Трофеј им го донесе 16-годишната сноубордерка Зои Садовски-Синот која заврши на третото место во премиерното натпреварување во акробатски скокови.
Златниот медал и првата олимписка титула во акробатски скокови и припадна на Австријката Ана Гасер. Таа собра 185,00 бода за двата најдобри скока во финалното натпреварување и ја надмина Американката Џеми Андерсон која го освои среброто со 177,25 бода. Садовски-Синот стигна до бронзениот медал со 157,50 бода.
Гасер во завршниот обид изведен ризичен скок за кој доби 96,00 бода и тука ја престигна дотогаш водечката Андерсон, победничка во натпреварите во слопстил. Американката е првата сноубордерка со два медали од една Олимпијада.
Тинејџерката Зои Садовски-Синот на Нов Зеланд му го донесе вториот медал во историјата на Зимските олимписки игри, прв по историскиот трофеј освоен во Албервил во 1992 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА