Властите на Рио де Жанеиро поднеле тужба против Новак Ѓоковиќ како одговор на тоа што тој ги тужел пред две години. Поранешниот светски рекет број еден во 2012 година во Рио играл ревијален натпревар и договорот бил за настапот да му платат 1,1 милион долари, а досега му исплатиле само 450.000. Другиот дел се уште останува неподмирен долг поради кој Ѓоковиќ пред две години го тужел бразилскиот град.
Но, наместо парите, српскиот тенисер сега добил противтужба од властите во Рио де Жанеиро. Според бразилскиот весник „О Глобо“, Ѓоковиќ го тужат поради административни неправилности во текот на споменатата посета во 2012 година.
Настапот на српскиот тенисер во Рио го организирале две компании „Адма Ивент“ и Деки 10“ во сопственост на фудбалерот Дејан Петковиќ. Тужби се поднесени и против овие две компании кои се теретат за нерегуларно добиена организација на тендерите, поради што е оштетен буџетот на градот, а, се споменуваат милионски суми.
Новак Ѓоковиќ поради проблеми со повредите подолг период е надвор од тениските терени. Неговото враќање на Австралија Опен, заврши со елиминација во три сета од Кореанецот Хион Чанг уште во четвртото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА