Претстојниот викенд во Порторож, Словенија, ќе се одржи конгрес на Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ) со кој ќе претседава, проф. д-р. Владимир Јорга, претседател на ЕТКФ, а Македонија ќе ја претставуваат Венцислав Недев и Дејан Недев, информираат од МТКФ.
На конгресот ќе се донесат многу важни одлуки за понатамошниот развој на традиционалното карате во Европа, следни активности и организација на натпревари, семинари и купови во тековната 2018/2019 година. Исто така на ЕТКФ конгресот ќе се избира и нов генерален секретар како и нови членови на бордот на директори на ЕТКФ и останатите комитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА