Македонскиот второлигаш Беласица славеше убедливо на последниот пријателски натпревар пред почетокот на пролетниот дел од првенството, совладувајќи го Тетекс со 4-0. Овој натпревар се одигра во СЦ Истатов, Нов Дојран.
Струмичани беа доминантни во текот на сите 90 минути. Стрелци за Беласица беа Благој Истатов, Горан Здравков, Мартин Мирчевски, а фудбалерите си постигнаа и автогол за конечни 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА