Продолжува хаосот во македонското пливање. Откако вчера, повторно клубовите кои го поддржуваат Александар Маленко за претседател на ПФМ наводно си одржале свое Вонредно Собрание на кое Маленко е ре-избран за прв човек на пливањето, со свое соопштение се огласија од Иницијативниот одбор кои нагласуваат дека Собранието на Пливачката федерација на Македонија ќе се одржи денеска од 12 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Соопштението од Иницијативниот одбор до нашата редакција ви го пренесуваме во целост:
ПОЧИТУВАНИ,
ВЧЕРА БЕШЕ ПЛАСИРАНА ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА СЕ ОДРЖАЛО ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, ПО БАРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР, НА КОЕ НАВОДНО БИЛ РЕ-ИЗБРАН АЛЕКСАНДАР МАЛЕНКО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ.
ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ЈА ИНФОРМИРАМЕ МАКЕДОНСКАТА СПОРТСКА ЈАВНОСТ ДЕКА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР СОСТАВЕН ОД МНОЗИНСТВОТО КЛУБОВИ КОИ ШТО ИМААТ РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ-СПОРТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ, ИЛИ 15 КЛУБОВИ ОД ВКУПНО 25, УШТЕ ПРЕТХОДНО ЈА ЗАКАЖАА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО ЗА САБОТА, 24.02.2018 ГОДИНА ВО 12:00 ЧАСОТ. СОГЛАСНО ОВА СМЕТАМЕ ДЕКА ДЕНЕШНОТО ТАКАНАРЕЧЕНО ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ ВО РЕЖИЈА НА МАЛЦИНСКИОТ БРОЈ НА КЛУБОВИ КОИ ШТО ГО ПОДРЖУВААТ АЛЕКСНДАР МАЛЕНКО Е НЕЛЕГАЛНО И НЕЛЕГИТИМНО СПРОТИВНО НА ВОЉАТА НА МНОЗИНСТВОТО КЛУБОВИ
ОВА ПРЕТСТАВУВА ГРУБ ОБИД ЗА ДОВЕДУВАЊЕ ВО ЗАБЛУДА НА КЛУБОВИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ПФМ, КАКО И НА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА, ВО ЧИЈ ИНТЕРЕС Е РЕСТАРИРАЊЕ И РЕФОРМИРАЊЕ НА 9 ГОДИНИ НЕФУНКЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА КОЈА СО ДЕНЕШНИОТ ПОТЕГ ОСТАНУВА СЕУШТЕ Е ВО ЗАЛОЖНИШТВО НА СТАРОТО РАКОВОДСТВО.
ВОЕДНО ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ МЕДИУМИ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ВОНРЕДНОТО СОБРАНИЕ КОЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 24.02.2018 г. ( САБОТА ), ВО КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА НА СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО СКОПЈЕ.
СО ПОЧИТ,
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА