Барселона се враќа со два бода од гостувањето во Шведска против Кристијанштад по триуфмот од 21-25 во претпоследниот натпревар од групата А во Лигата на шампионите. Шпанскиот првак беше убедливо надмоќен во овој дуел и стигна до осмата победа во ЛШ која Барса се искачи на втората позиција во групата со 18 бода, еден повеќе од Нант, а два помалку од Вардар кој е на лидерската позиција пред утрешното гостување во Франција.
Избраниците на Чави Пасквал уште од стартиот доминираа на теренот и во текот на целиот натпревар беа во предност. Во првиот дел Барселона стигна до највисока предност од +6 (4-10), а на одмор замина со водство од 8-11.
Во исто темпо гостите го одиграа и второто полувреме. Серијата од 6-1 во првите седум минути на Барселона и донесе највисоко водство од 9-17, а на десет минути пред крај и на двоцифрена предност од 13-23. Во наредните минути Кристијанштад успеа да ја преполови негативата и да намали на конечните 21-25.
Најефикасен кај Барселона беше Дика Мем со пет гола. Гонзало Перез де Варгас беше сигурен на гостинскиот гол, а Борко Ристовски на овој меч остана на клупата. Кај Кристијанштад прв стрелец беше Стиг Торе Нилсен со шест гола.
Во последиот натпревар од групната фаза во ЛШ, Барселона на 4 март го пречекува ПИК Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА