Светското првенство во фудбал во 2022 година, сепак, може и да не се одржи во Катар. Сомнежите за мито и корупција во ФИФА при доделувањето на организацијата на мундијалот се се поголеми, а притисокот се повеќе се зголемува. Иако засега нема официјално докази, неколку германски медиуми наведуваат дека е можно Катар на крајот сепак да извиси со организацијата. Овие наводи ги потврди и министерот за спорт на Саудиска Арабија, Турки – Ал – Шеик.
Светската фудбалска организација повторно ја истражува процедурата за доделување на домаќинството на Светското првенство во 2022 година, откако наводно добила свежи информации кои наведуваат на подмитување на одредени личности. Конечната одлука околу домаќинството на СП 2022 треба да биде позната во текот на летото, можеби пред самиот старт на мундијалот во Русија. Како можни нови домаќини на СП 2022 се споменуваат Соединетите Американски Држави и Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА