Вардар за неполн месец го претрпе и вториот пораз во групата од Лигата на шампионите, откако „црвено-црните“ вечерва загубија на гостувањето во Нант. Тренерот Раул Гонзалес изрази жалење што камбекот на „вардарци“ не беше крунисан барем со реми, но истовремено и потенцираше дека најважно е што македонскиот првак се уште е многу близу до директен пласман во четвртфиналето (за што му треба најмалку реми во последното коло, на домашен терен со Висла).
„Нант играше многу добро во првото полувреме, кога ни создаде огромни проблеми. Во вториот дел успеавме да ја намалиме разликата, но не беше доволно. Најважно сепак е што се уште сме први и се наоѓаме на чекор до четвртфиналето, а последниот натпревар го играме дома“ – изјави Раул Гонзалес на прес-конференцијата по натпреварот во Нант.
Вториот пораз во последните три меча е доволно предупредување за Хорхе Македа дека нешто мора да се менува.
„Мораме да играме многу подобро отколку до првото полувреме ако сакаме да стигнеме далеку во Лигата на шампионите“ – предупреди Шпанецот во редовите на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА