Офанзивните фудбалери на Атлетико Мадрид, Јаник Караско и Никола Гаитан се преселија во редовите на Далијан јифанг. За услугите на двајцата играчи кинескиот клуб исплати вкупно 48 милиони евра (30 милиони евра за Белгиецот, 18 милиони евра за Аргентинецот).
И двајцата беа „вишок“ во таборот на „јорганџиите“ откако во зимскиот преоден рок Атлетико се засили со Диего Коста и Витоло, па сега Диего Симеоне располага со само 17 сениори во тимот со кои до крајот на сезоната ќе се бори во шпанското првенство, како и Европа лигата.
Караско во Мадрид пристигна во 2015 година од редовите на Монако и запиша вкупно 124 настапи за Атлетико, додека Гаитан пристигна една година подоцна од португалскиот шампион Бенфика, а за „јорганџиите“ одигра вкупно 49 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА