Кошаркарите на Кливленд и Шарлот славеа домашни победи против Бруклин односно Чикаго во синоќешните дуели од НБА лигата.
Кливленд го победи Бруклин со 129-123 повторно на крилјата на Леброн Џејмс кој заврши со „трипл-дабл“ од 31 поен, 12 скока и 11 асистенции. Кај Бруклин се издвои Д’Анџело Расел со 25 поени.
ЛА Клиперс славеа во Колорадо против Денвер со 122-120. Клиперси дојдоа до победата благодарение на одличната улога во последната четвртина на српскиот центар Бобан Марјановиќ кој за само 15 минути на паркетот запиша 18 поени, 6 скока, две украдени топки и по една асистенција и блокада.
Добар меч за тимот од Лос Анѓелес одигра и Милош Теодосиќ кој за 26 минути постигна 11 поени, со 5 асистенции и 4 скока.
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ, пак, не се наигра многу. На теренот мина 27 минути, за 18 поени, 6 скока и 4 асистенции.
Клиперси се наоѓаат на осмото место на Западот со скор од 32/27, додека Денвер е деветти со 33/28.
Шарлот на свој паркет без поголеми проблеми славеше против Чикаго со 118-103. До триумфот ги водеше Кемба Вокер со 31 поен, додека Двајт Хауард заврши со 24 поени. Кај Чикаго подобар од останатите беше Зах ЛеВајн со 21 поен.
Во останатите мечеви Мајами ја победи Филаделфија со 102-101, Портланд беше подобар од Сакраменто со 116-99 и Вашингтон славеше на гостувањето против Милвоки со 104-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА