Ѕвездата на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, ноќеска на мечот против Бруклин нетс забележа неколку рекорди со кои уште подлабоко го „изгравира“ своето име во историјата на НБА.
„Кралот“ стана првиот кошаркар во историјата кој во кариерата остварил повеќе од 30.000 поени, 8.000 скокови и 8.000 асистенции во кариерата – тој е единствен кошаркар со вакви бројки.
При тоа, Џејмс го заврши мечот со трипл-дабл учинок од 31 поени, 11 асистенции и 12 скока, и стана само четвртиот кошаркар кој успеал да одржува трипл-дабл просек во текот на натпреварите во еден месец. Леброн во текот на цел февруари просечно постигнувал по 27 поени, 10.5 скокови и 10.5 асистенции.
„Знаејќи дека низ историјата играли многу, многу добри играчи, легенди, а токму јас да бидам единствениот во оваа категорија е прилично големо признание“, истакна Џејмс по победата (129-123) над Бруклин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА