Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше двоен стрелец за својот тим АЕК Ларнака во убедливиот триумф (7-0) над нисколигашот Паик во Купот на Кипар. Со оваа висока победа АЕК Ларнака веќе обезбеди пласман и во следната рунда, иако ќе претстои и реванш на 7.март.
Тричковски на овој меч ја отвори и ја затвори серијата голови. Нашиот напаѓач погоди во шестата минута со удар со глава за водство од 1-0, а на крајот во 79.минута од мечот го комплетираше триумфот од 7-0 со прекрасен погодок со ножички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА