Серена Вилијамс од сопругот доби поддршка на билборд

Серена Вилијамс се враќа на тениските терени по едногодишно отсуство по раѓањето на ќерката. Американската тенисерка ќе учествува на турнирот во Индијан Велс што почнува на 7 март и тоа ќе биде нејзин прв настап на АТП турнирите по паузата.

По тој повод нејзиниот сопруг, Алексис Оханиан реши да ја охрабри на оргинален начин, поставуивајќи во нејзина чест билборди покрај магистралата во близина на Индијан Велс. На билбордите кои Оханијан сам ги дизајнирал, под фотографии на Серена со ќеркичката Алексис-Олимпија, нејизниот сопруг напиша дека таа е „најдобрата мајка на сите времиња“.

Поранешната најдобра тенисерка во светот која се подготвува одново да се врати во врвот на светскиот тенис реагираше со многу емоции на ваквиот потег.

Буквално плачев. Ова е толку слатко. Те сакам“ – одговори тенисерката на подарокот од сопругот.

Ова не е прв пат Оханиан да ја покаже својата поддршка за Серена. Тој заедно со ќерка неодамна беше во првите редови на трибините на првиот официјален настап кога Серена играше заедно со Венус Вилијамс во двојки.

Серена Вилијамс лани ја освои титулата на Австралија Опен во првите седмици од бременоста, а потоа целосно му се посвети на мајчинството и на својата ќерка Алексис-Олимпија. Една година подоцна таа е подготвена да му се врати на белиот спорт. Американката која е сопственичка на 23.гран-слем титули, како што најави на 5 март ќе игра на ревијалниот натпревар во Њујорк, а потоа ја очекува настапот во Индијан Велс на кој ќе се бори за третата титула на престижниот турнир.

Се вчитува...