Федерер: Сонувам враќање на Ролан Гарос!

Првиот светски рекет, Роџер Федерер, не ја исклучува можноста сезонава да се врати на турнирите на земја. Швајцарецот лани ги пропушти сите турнири на земјена подлога, вклучувајќи го и Ролан Гарос, а годинава како што вели, ќе размисли дали повторно ќе заигра во Париз.

„Голем сон ми е да се вратам на Ролан Гарос. Но, се уште не знам дали ќе учествувам на турнирот. Ќе одлучиме во април, после настапот на Индијан Велс. Се зависи од тоа како ќе се чувствувам. Тоа е одлука од која ми зависи цела година. Ќе се фокусирам сега на тврда подлога, но искрено се надевам дека ќе има место и за настап на земја“ – изјави првиот светски рекет.

Роџер Федерер на Ролан Гарос последен пат играше во 2015 година кога загуби во четвртфиналето од Станислав Вавринка. Единствената титула на парискиот турнир, Федерер ја освои во 2009 година по триумфот во финалето против Робин Содерлинг.

Се вчитува...