Работнички по 18 победи во низа (16 во првенството и две во Купот на Македонија) пред поразот од МЗТ Скопје во куп-финалето, но „црвено-белите“ се решени тој неуспех да не ја наруши атмосферата во нивните редови. Следен предизвик за лидерот на табелата е дербито против второпласираниот тим на Блокотехна, в сабота со почеток во 13 часот.
„Против себе имаме квалитетен противник и ќе треба да дадеме се од себе за да победиме. Ја победивме Блокотехна убедливо на првиот меч, но тоа не значи премногу бидејќи овој тим во меѓувреме дополнително се засили. Доминиравме досега во домашното првенство и јасно е дека секој сака да го земе нашиот скалп и да ни го нанесе првиот пораз. Наше е да продолжиме со добрите игри и да се обидеме што подолго да ја продолжиме победничката серија. Ова ќе биде дерби меч и очекувам убава и квалитетна кошарка од двете страни, но реално кажано вистинските возбудувања и битките за трофејот допрва претстојат“ – изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски.
Добра вест за лидерот на табелата е што Американецот Маркус Гинјард се рехабилитираше од повредата заработена во полуфиналето од Купот на Македонија.
„Штета е што го немавме Гинјард во финалето со МЗТ, тогаш приказната сигурно ќе беше поинаква. Како и да е, најважно за нас е што тој ги надмина проблемите, почна да тренира со остатокот од екипата и ќе ни помогне на мечот во Гевгелија“ – истакнува Докузовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА