Обвинителството во португалскиот град Есторил отвори истрага под сомнение за лажирање на натпреварот во кој истоимениот тим загуби од Порто со 1-3.
Интересно, натпреварот се одигра во период од цел месец, првото полувреме беше играно на 16 јануари и Есторил имаше предност од 1-0, но потоа мечот беше прекинат поради наводна пукнатина на трибините на стадионот. Второто полувреме се одигра дури на 21 февруари, а во овие 45 минути Порто лесно го сврте резултатот во своја полза, постигнувајќи три погодоци.
Обвинителството истрагата ја базира врз фактот дека неколку часа пред одигрувањето на второто полувреме, на сметката на главниот спонзор на Есторил биле уплатени 730.000 евра. За оваа уплата постојат докази, а воедно има и фотографии од претставници на дата клуба во хотел во Лисабон. Ако биде докажано дека натпреварот навистина е наместен, јасно е дека ќе следат ригорозни казни, а се заканува дури и преселба во понизок ранг на натпреварување.
Порто моментно се наоѓа на чело на табелата во Португалија со 64 бода, пет повеќе од Бенфика и од Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА