„Граѓаните“ за едно полувреме го понижија Арсенал

Манчестер сити уште еднаш ја покажа својата сила декласирајќи го Арсенал на гости со 0-3. Сите три гола „граѓаните“ ги постигнаа во првото полувреме, не оставајќи му на тимот на Арсен Венгер ниту најмала шанса да се надева дека може да стигне до позитивен резултат.

Бернардо Силва беше стрелец на првиот гол во 15.минута, Давид Силва во 28.минута зголеми на 0-2, а Лирој Сане пет минути подоцна постигна и трет гол за составот на Пеп Гвардиола.

Во вториот дел, Обамејанг не успеа да реализира пенал, откако Едерсон го одбрани неговиот обид во 53.минута од дуелот.

Се вчитува...