Гаѓањето со снежни топки – олимписки спорт од 2022?!

Јапонците планираат на сите да им дадат шанса да се борат за олимписки медал, упаќајќи барање до ИОК во следните Зимски Олимписки Игри да биде вклучено и гаѓањето со снежни топки.

Токму тоа, правење на топка од снег, и потоа гаѓање на натпреварувачи од другата екипа, нешто во што како деца сите имаат уживано, а сега идејата е да се крене на едно повисоко ниво. Јапонија има дури и федерација за овој спорт стара 25 години, од која произлегла и иницијативата за негово „крунисување“ во олимписки спорт.

Има и официјални правила – ништо компликувано – две екипи од по седум натпреварувачи се гаѓаат со снежни топки на терен со димензии „10 на 36 метри“. На арената постојат и неколку барикади за натпреварувачите да можат да се засолнат. Двете екипи близу до центарот на теренот имаат свои знамиња, а цел на играта е да го освоиш знамето на противникот, или со прецизно гаѓање да ги елиминираш сите противнички играчи.
Според Јапонците, овој спорт се игра и во САД, Канада, Финска, Шведска, Русија и Кина, а со неговата евентуална промоција во Пекинг 2022 сигурно уште повеќе ќе добие на популарност.

Се вчитува...