Гвангжу го „шутна“ голгетерот вреден 42 милиони евра

Гвангжу евергранде го раскина договорот со екс-напаѓачот на Порто и Атлетико Мадрид, Џексон Мартинез, фудбалерот за кого пред две години исплатија 42 милиони евра. Колумбиецот се пресели во кинеската лига во 2016 година за тогаш рекордна сума, напуштајќи ги „јорганџиите“ беше пречекан како голема ѕвезда, но Мартинез ќе сака што побрзо да го заборави срамниот ангажман.

Причината за отказот е поради лошите настапи. За две години Мартинез одигра севкупно 16 натпревари на кои постигна скромни четири гола. 31-годишниот фудбалер претходно се мачеше да импресионира во Примера, и со Атлетико се не можеше да го пронајде патот до мрежата, но тоа не го спречи кинесниот гигант да издвои огромна сума за неговите услуги.

Мартинез е сега слободен агент, а отказот го доби на еден ден пред почетокот на новата сезона во кинеската Супер – лига.

 

Се вчитува...