Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес се соочува со проблеми во пресрет на неделната пресметка со Фрајбург. Франк Рибери не е во можност да настапи поради стомачен вирус, па германскиот стратег остана без играч кој може да ја покрие левата крилна позиција, откако претходно Кингсли Коман се здоби со повреда која го тргна од терените до крајот на сезоната, а се уште не е во полн погон и Хамес Родригез.
„Рибери има стомачен вирус, што значи дека нема да може да ни помогне во недела. Се уште немам одлучено кој ќе игра на левата крилна позиција. Повредата на Коман ни донесе уште поголеми проблеми. Хамес неделава тренираше, но поради безбедносни мерки нема да го форсирам да игра“, истакна Хејнкес.
Натпреварот Фрајбург – Баерн Минхен е закажан за во недела, се игра во рамките од 25. коло во Бундес – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА