Како и секогаш повеќе од драматично е дербито во португалскиот шампионат меѓу Порто и Спортинг во рамките на 25. коло. Дуел кој во голема мера може да го одлучи и натамошниот пат на двете екипи во трката за шампионската титула.
Токму затоа и неизбежната тензија која кулминираше во 61. минута и тоа на повеќе од чуден начин кога се во прашање натпревари од најдобрите европски првенства. Лица од медицинските служби покрај теренот, задолжени за помош при повреда на актерите, во 61. минута се осудија да ја кријат топката од гостинскиот фудбалер Коентрао. Сето тоа наиде на бурна реакција од страна на гостинските фудбалери за да премине и во мешаница и прекин на мечот.
На крајот главниот судија се одлучи две лица од медицинските служби, кои ја криеја топката, да ги избрка од теренот како би се смирила ситуацијата…
Од првата минута во дресот на Спортинг настапи и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој играта ја напушти во 68. минута при водство на Порто од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА