МЗТ Скопје загуби убедливо од Цедевита во последниот натпревар во АБА лигата пред своите навивачи сезонава, но тренерот Жељко Лукајиќ на прес-конференцијата по мечот истакна дека е задоволен од многу нешта кои на паркетот ги демонстрирале неговите кошаркари.
„Можеби звучи малку нереално да загубите натпревар а со многу работи од теренот да сте задоволни. Цедевита е еден од главните кандидати за титулите во АБА лигата, а нас ни требаат овие натпревари за разигравање за она што не чека во првенството и битката за титулата. Сега сме во некоја атипична ситуација кога играме во АБА лигата затоа што играме без плејмејкер, со некои импровизации, па затоа и направивме 16 грешки во нападот…“ – рече Лукајиќ и дополни:
„Важно ни е да им подигниме формата на оние кошаркари кои се вратија по повредите, а кога ќе се приклучат другите плејмејкери во првенството се ќе дојде на свое место. Велам задоволен сум од енергијата која ја покажаа затоа што сега поставуваме некои принципи во играта кои ќе ни требаат на крајот од сезоната во битката за титулата во Македонија. Затоа на кошаркарите наши нема што да им замерам, и гледаме во иднина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА