Борусија Дортмунд го запиша и второто едноподруго реми во Бундеслигата, овој пат играјќи 1-1 на гостувањето против Лајпциг во 25. коло.
Аугустин во 29. минута го доведе Лајпциг до водство од 1-0, а израмни Марко Ројс во 38. минута од натпреварот.
FIM DE JOGO!
LEIPZIG 1 X 1 DORTMUND
NOVAMENTE MAIS UM EMPATE DO BVB. COM A MESMA POSTURA DE TIME PEQUENO EM FINAL DE JOGO, RECUANDO MUITO! MAS NESSE JOGO ATÉ QUE NÃO FOI UM MAL RESULTADO.
MARCO REUS ⚽ pic.twitter.com/Q0AOkbeNL6
— Louco Auri-Negro BR (@EtcheLiebe09) March 3, 2018
По ова реми, Борусија Дортмунд по подолго време ја препушти втората позиција на табелата. Сега со 42 бода е на делба на 3. место со Ајнтрахт Франкфурт, а со еден бод заостанување зад Шалке 04. На врвот е Баерн Минхен со 60 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА