Гатузо: Не сме фаворити против Интер, ама ако се ’напалиме’ – ќе ги победиме!

Големото миланско дерби вечерва ќе биде во фокусот на вниманието во Италија, а тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо, не ја прифаќа улогата на фаворити, иако неговиот Милан игра во одлична форма во последните неколку кола. Тој вели дека Интер се уште има право на грешка, а Милан – не…

„Дали сме ние фаворити? Не би рекол…Ние сме во понезавидна ситуација од Интер. Тие се уште имаат и право на некоја грешка, а ние мораме да победуваме се до крајот, за да се обидеме да го фатиме возот за Лигата на шампионите. Но, кога ќе истрчате на теренот на ова дерби, верувајте знам од искуство, тогаш само мотивацијата решава…Мислам дека ако добро се ’напалиме’ – ќе успееме да победиме. Сакам да видам 11 мои војници, кои ќе гинат на теренот и на крајот ќе успеат да го победат противникот“, истакнува Џенаро Гатузо во пресрет на вечерашниот мегадуел со Интер.

Се вчитува...