Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро го освои турнирот во Акапулко, откако во финалето го совлада Кевин Андерсон од Јужна Африка со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Тоа беше седма победа за Дел Потро во исто толку дуели против Андерсон. Аргентинецот ја освои својата 21.титула во кариерата.
„Ова е за мене посебен турнир. Победив тројца тенисери од „топ 10“, што за мене е многу важно. Драго ми е што успеав да го освојам пехарот“, изјави Хуан Мартин дел Потро.
Во женска конкуренција, трофејот го освои Украинката Лесија Цуренко. Таа во финалето славеше против Штефани Фегел од Швајцарија со 2-1 во сетови (5-7, 7-6, 6-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА