Барди ќе има нов тренер: Леванте му даде отказ на Хуан Рамон Муњиз

Шпанскиот прволигаш Леванте му даде отказ на досегашниот тренер Хуан Рамон Лопез Муњиз. По серијата слаби резултати на тимот, раководството на Леванте одлучи да му се заблагодари на стратегот и во наредните неколку дена ќе побара ново решение за тренерската позиција.

Ова веројатно е добра вест и за македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој е член на Леванте. Тој во последните неколку кола не добиваше шанса од тренерот Муњиз. Тој на денешниот натпревар меѓу Леванте и Еспањол не беше ниту на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...