Ракометарите на Радовиш неочекувано убедливо триумфираа на денешното гостување во Автокоманда против Металург 2, стигнувајќи до цел плен со резултат 21-29. Младиот тим на Металург 2 едно полувреме одлично им парираше на гостите, па дури и имаше водство од 10-9, но во вторите 30 минути можеше да се проследи целосна доминација на гостинскиот состав.
Радовишани го отворија полувремето со три гола, ја презедоа контролата над резултатот и потоа ја зголемуваа предноста како што минуваше времето, се до конечните „плус осум“.
Мајиќ со девет и Илиев со осум гола беа најдобри стрелци кај победничкиот тим, додека Гошевски го предводеше Металург два со пет погодоци во денешниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА