Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери пред реваншот со актуелниот европски првак Реал Мадрид во Лигата на шампиони, посочи дека сака неговиот тим да се соочи со најдобриот состав кој „кралевите“ го имаат на располагање, потенцирајќи го враќањето на Крос и Модриќ по нивните повреди.
Двајцата играчи за врска на шпанскиот гигант допатуваа за Париз во пресрет на решавачката пресметка за пласман во четвртифиналето од ЛШ, но ќе се чека конечната одлука на Зидан, колку и дали воопшто ќе ризикува да ги вметне во игра незаменливите Крос и Модриќ.
„Овој меч е најважен за нас во оваа сезона, шанса да одиме чекор понапред. Реваншот тука е посебен момент за ПСЖ и нашите навивачи, затоа сакам нашиот противник на терен да излезе со најсилниот можен состав, да докажеме дека и против најдобрите можеме да се надигруваме“, истакна Емери.
ПСЖ ќе мора добро да се намачи доколку сака да обезбеди пласман во следната фаза, знаејќи дека од „Сантијаго Бернабеу“ заминаа со пораз од 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА