Претседателот на ФА го спореди Гвардиола со нацистите, па се извини

Претседателот на Англиската фудбалска асоцијација (ФА), Мартин Глен, го спореди менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со нацистите, па и се извини на еврејската заедница. Глед го критикуваше Гвардиола поради жолтатат лента што ја носи на облеката во знак на поддршка на уапсените политичари кои се борат за независност на Каталонија.

Тој нагласува дека треба да се забрани истакнување на било какви симболи.

„Симбол како цветот на мак е во ред, но работите кои разделуваат не се. Тоа може да бидат верски симболи, тоа би можела да биде и Давидовата ѕвезда, срп и чекан, тоа може да биде и свастика. Тоа се работи кои не ги сакаме. Да бидам искрен и многу јасен. Жолтата лента на Пеп Гвардиола е политички став, тоа е симбол на независноста на Каталонија. Каде треба да подвлечеме линија? Дали треба да се појави некој со симбол на Исламската држава?“ – вели Мартин Глен.

Изјавата на првиот човек во ФА, наиде на остра осуда од еврејската заедница, која неговите зборови ги оцени како навредливи и непримерни. После реакцијата, Глен упати извинување.

„Би сакал да се извинам ако било кого навредив со примерите што ги споменував , конкренто во врска со Давидовата ѕвезда, која е исклучително важен симбол за еврејскиот народ насекаде во светот“ – истакна Глен.

ФА го обвини Гвардиола за прекршување на правилата со кои се забрануваат секакви политички симболи. На тоа стигна и одговорот од Гвардиола.

„Јас сум прво човек, потоа тренер. Тие (ФА), знаат дека секогаш ќе ја носам жолтата лента. Не се работи за политичарите, туку за демократијата и за помагање на луѓе кои апсолутно ништо не згрешиле“ – рече Гвардиола по обвинението од ФА дека ги прекршил правилата.

Се вчитува...