Актуелниот бранител на титулата во регионалното натпреварување на АБА, Црвена Звезда извлече победа на гостувањето против Игокеа со резултат од 82-76, во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната. Звезда со овој триумф и дефинитивно влегува како прво пласирана екипа во разигрувањата, ривалите од Црна Гора, Будуќност ќе мора да се задоволат со втората позиција.
Црвена звезда само при почетокот на средбата се најде во предност, но по 15-8 Игокеа се разигра преземајќи ја контролата на топката, за освојување на периодот со минимален резултат 24-22. И втората делница припадна на домашната екипа повторно со минимални 21-20, при тоа во континуитет беа чекор понапред од „црвено-белите“, па така заминаа на заслужена пауза со резултат од 45-42.
Кош за кош се играше и во продолжение на второто полувреме, а веќе кон завршницата на третиот период Игокеа искористи неколку промашени шанси на Звезда и стигна до највисоката предност од +8 до тогаш, додека во одлучувачките 10 минути домаќините водеа со 65-60. Антиќ со неговата трета тројка на натпреварот намали на 66-63 и практично го започна кам-бекот на Звезда. Рочести со нова тројка изедначи на 66-66, додека во завршните пет минути Звезда дозволи само девет поени во својот кош. Избраниците на Дупшан Алимпијевиќ извлекоа важна победа и така избегнаа тежок „удар“ во период кога се одлучува кој ќе биде лидерот во АБА – лигата во регуларниот дел од сезоната.
Перо Антиќ одигра клучна улога во победата/поразотпротив непријатниот тим на Игокеа, со 11 поени, седум скока и една украдена топка, додека најефикасен беше Тејлор Рочести со 23 поени. За Игокеа најдобар во реализација беше Никола Јевтовиќ со 17 поени и пет скока, Доминик Артис и Роберт Рикиќ додадоа по 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА