Жозе Мурињо е човек што знае да си го наплати брендот што го создаде во светскиот фудбал. Така, кратењето на одморот за да биде стручен аналитичар на неколку натпревари од СП 2018 ќе го направи стратегот на Манчестер јунајтед побогат за 1,9 милиони евра.
Како што јавува весникот „Дејли мејл“, Мурињо ја прифатил понудата на руската телевизиска мрежа „РТ“ за соработка за време на мундијалот. Со тој договор, Португалецот ќе има обврска да мине четири дена во Русија и да соработува во реализацијата на преносите, за неверојатен хонорар од 475.000 евра дневно.
Покрај тоа, Мурињо ќе треба да даде и стручна анализа за финалето од мундијалот, но поради обврските кон Манчестер јунајтед тој тоа ќе може да го стори преку видео-линк, без повторно да патува за Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА