Самото значење на Лигата на шампиони стимулира голема желба за победа и надигрување кај играчите, особено ако се работи за дерби-дуел на два гиганти во европскиот фудбал, или пак се игра финална фаза од натпреварувањето. Страста е голема, дури и премногу ја има, па токму поради тоа многу често играчите знаат да бидат казнети, дури и исклучувани од натпреварите.
На друга страна пак, се работи за неснаоѓање, односно несоодветно впуштање во остри стартови, исто така честа и нормална појава кога станува збор за заработени картони.
Во пресрет на стартот на реванш-мечевите во осминафиналната фаза во ЛШ, шпанскиот весник „АС“ ги истакна десетте фудбалери со најмногу заработени картони во историјата на најелитното европско клупско натпреварување.
1. Серхио Рамос – Реал Мадрид – 36 картони (34 жолти, два директни црвени) на 109 настапи
2. Пол Сколс – Манчестер јунајтед – 36 картони (сите жолти) на 124 натпревари
3. Чаби Алонсо – Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн Минхен – 34 картони (сите жолти) на 129 натпревари
4. Џенаро Гатузо – Милан – 29 картони (28 жолти, еден директен црвен) на 79 натпревари
5. Валтер Самуел – Рома, Реал Мадрид, Интер, Базел – 26 картони (сите жолти) на 72 натпревари
6. Дани Алвеш – Севилја, Барселона, Јувентус, ПСЖ – 26 картони (сите жолти) на 107 натпревари
7. Карлес Пујол – Барселона – 26 картони (25 жолти, еден директен црвен) на 115 натпревари
8. Марк Ван Бомел – ПСВ, Баерн Минхен, Барселона, Милан – 25 картони (24 жолти, еден директен црвен) на 76 натпревари
9. Дарио Срна – Шахтјор Доњецк – 24 картони (сите жолти) на 63 натпревари
10. Пепе – Порто, Реал Мадрид, Бешикташ – 24 картони (23 жолти, еден директен црвен) на 95 натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА