Јуве тргна за Лондон: Игуаин со тимот, Манџукиќ „аут“

Фудбалерите на Јувентус попладнево отпатуваа за Лондон, каде утре вечер ќе настапат на „Вембли“ против Тотенхем во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Добра вест за „старата дама“ е што Гонзало Игуаин ги надмина проблемите со својата повреда и отпатува со тимот, па се очекува утре да биде стартер против „спарси“ откако постигна два гола, но и промаши пенал за хет-трик на првиот дуел против овој ривал.

Тренерот Алегри сепак нема да може да смета на Марио Манџукиќ, откако хрватскиот напаѓач не ги мина последните лекарски тестови, па беше решено тој воопшто да не патува со тимот во Лондон, туку да остане во Торино на специјална рехабилитациска програма. Се очекува местото на Манџукиќ на утрешниот меч да му припадне на Бразилецот Даглас Коста.

Се вчитува...