Англискиот првак Челси речиси сигурно ќе ја загуби шампионската титула во Премиер – лигата од Манчестер сити, но тоа нема да го поколеба сопственикот Роман Абрамович да го задржи менаџерот Антонио Конте и следната сезона. Иако дел од медиумите на Островот најавија дека разделбата е блиску, сепак, сосема поинакви информации доаѓаат од Италија. Според нив, Абрамович сака по секоја цена да го задржи Конте и веќе му подготвува нов договор за да го задржи подолг период на „Стемфорд бриџ“.
За Конте постои интерес од Интер и од Милан, но исто така се погласно се најавува и неговото враќање на кормилото на италијанската фудбалска репрезентација. Токму затоа, Абрамович сака да реагира побрзо и да му понуди нов договор веќе на почетокот на април. Проблемот е што дел од фудбалерите во тимот веќе отворено се против останувањето на италијанскиот стратег, па доколку рускиот тајкун се одлучи да го задржи Конте, тогаш ќе мора значително да го реновира составот за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА