Дракслер бесен: Потрошивме 400 милиони евра и ништо не се смени

ПСЖ повторно е елиминиран во раниот дел од нокаут фазата од Лигата на шампионите, натпреварувањето од кое титулата беше посочен како врвен приоритет од страна на управата на францускиот гигант. Џулијан Дракслер немаше премногу можности да ги покаже своите квалитети против Реал Мадрид, но германскиот ас не го криеше разочарувањето од конечниот исход на овој двомеч.

Резултатот кажува се – ние заслуживме да испаднеме. Минатото лето потрошивме 400 милиони евра и сите говореа како сега се ќе биде поинаку. Потфрливме пред предизвикот, можеме само да жалиме“ – изјави Дракслер.

Тој воедно е и бесен на тренерот Емери поради задоцнетата замена при неговото влегување во игра. Дракслер требаше да влезе во 71. минута, но по голот за 1-1 стратегот на „светците“ се реши да ја одложи замената, па Германецот беше уфрлен пет минути подоцна.

„Навистина не разбирам… тој гол за 1-1 не промени ништо за нас бидејќи секако моравме да дадеме три, што значи дека моравме да напаѓаме. Неопходно беше да влезе офанзивен играч за да играме висок пресинг, а тренерот ја остави истата формација. Како да чекавме подарок од небото, а со таков пристап не може да се победи Реал Мадрид“ – истакна германскиот интернационалец во дресот на ПСЖ.

 

Се вчитува...