Шкендија го казни „кукавичлукот“ на челниците на Вардар: Лесен пласман во полуфиналето од Купот!

Шкендија го казни „кукавичлукот“ на раководството на Вардар кое дејствувајќи очигледно хаотично донесе некоја чудна одлука со комбиниран состав да се патува на реванш пресметката од четвртфиналето во Купот на Македонија. Ниту опстоија „вардарци“ на одлуката да играат со младинци, ниту пак во Тетово го донесоа најсилниот свој состав, со вклучени седум првотимци меѓу кои и странците Барсегјан, Новак и Битанг, плус и Алексовски, Тошевски, Попзлатанов и Бесар Исени.

Па, сето тоа сосема очекувано лесно си го искористи Шкендија која во далеку подобра игра славеше убедливо со 4-0 (0-0) „подарувајќи“ му го на Вардар еден од најсрамните резултати во последните осум години на клубот!

Откако во првиот дел Шкендија не искористи три одлични шанси, во второто полувреме на сцена стапи Бесарт Ибраими кој играјќи перфектно погоди во 53. и во 56. минута за водство од 2-0…

Потоа во 65. минута, Ибраими заокружи со „хет-трик“…

А, во 80. минута својот поранешен клуб го казни и довчерашниот „вардарец“, Висар Муслиу…

Сето тоа за заокружен пласман на Шкендија во полуфиналето од Купот и борба за двојна круна сезонава!

Се вчитува...