Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список од 23 ракометарки што се повикани за подготовките пред двата натпревари против Фраски Островки во квалификациите за ЕП 2018.
Во овие квалификации, Македонија веќе одигра два натпревари, со Шведска и со Србија во кои запиша два порази. Сега следува вториот квалификациски циклус во кој на македонските ракометарки им претстојат двата дуели со Фраски Острови. Првиот натпревар, македонската репрезентација ќе го одигра на гостински терен во Торшавн на 21 март, а реваншот е во Скопје на 25 март.
Во последниот циклус од квалификациите за ЕП 2018, на 30 мај и на 3 јуни, Македонија ќе ги одигра возвратните мечеви со Шведска и со Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА