Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо беше убедливо најбрз на пастеката „Каталуња“, на вториот ден од втората сесија на претсезонските тестови во Формула 1. Во претпладневната сесија Австралиецот постигна најдобро време од 1:18.047 минути што е нов неофицијален рекорд на патеката во Барселона, за речиси три десетинки подобар од ланскиот резултат на Фелипе Маса.
Рикиардо беше најуспешен и во втората сесија и го остави зад себе актуелниот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес. Трето најдобро остварување имаше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.
Нови проблеми на патеката во Барселона имаше тимот на Мекларен. Болидот на британскиот тим повторно се расипа, а Фернандо Алонсо седум часа чекаше механичарите да го средат дефектот. Шпанецот на крај извозе само една третина од планираните обиколки што во целост ги реализираа Ред Бул, Мерцедес и Рено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА