Англискиот премиерлигаш Манчестер сити се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но тимот на Пеп Гвардиола вечерва загуби од Базел на „Етихад“ со 1-2. Како и секогаш, „граѓаните“ ги карактеризираше огромен посед на топката, а успеаја да реализираат неверојатни 978 успешни додавања на овој натпревар. Тоа е рекорд во ЛШ од сезоната 2003/04, откако се води ваква статистика, но и покрај тоа, сепак, Манчестер сити го загуби натпреварот.
Габриел Хесус го доведе домашниот тим во водство, но Мохамед Елјонуси израмни, а Михаел Ланг во второто полувреме донесе триумф за Базел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА