Динамо Загреб со разочарувачки пораз од 4-1 го заврши гостувањето против Ријека во 24. коло од шампионатот на Хрватска. А, комплетната одговорност за поразот на свој грб, како и многу пати претходно, ја презеде секогаш скромниот македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
Овој пат и со брутална искреност зборувајќи за својата и за играта на соиграчите…
„Катастрофа. Загубивме 4-1, нешто што не смееше да се случи. Не знам што да кажам. Добро го отворивме мечот, се беше како што треба а потоа крах. Како капитен на овој тим ја преземам целата одговорност, едноставно бев жива катастрофа. Бев навистина лош, виновен сум, одигравм како пи.кица. Е, ако сум јас таков како може тогаш да очекувате другите да бидат подобри“ – истакна Адеми по вчерашниот дуел на „Рујевица“ во Риека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА