Поради финансиската криза и големите долгови, најстариот шпански фудбалски клуб, Рекреативо од Хуелва ќе биде продаден за само едно евро.
Градските власти во Хуелва сакаат да се решат од финансискиот товар и договориле клубот да го преземе компанијата „Еуросамоп“ и да ги купи сите акции за симболична цена.
Рекреативо моментно се натпреварува во шпанската трета лига, Б Сегунда и е на 11.место на табелата. Клубот има долг од 7,6 милиони евра кои сега ќе ги исплати градот Хуелва заедно со водечката енергетска компанија во Шпанија.
Клубот со најдолга традиција во Шпанија е основан на 23 декември 1889 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА