Македонскиот тандем Китановски – Ивановски беше во елемент на мечот од хрватското првенство меѓу Славен Белупо и Рудеш. Домашниот тим славеше со 2-0, а вториот дел беше од „македонско производство“. Асистент беше Томе Китановски, а Мирко Ивановски ја искористи грешката на гостинската одбрана, излезе пред противничкиот голман и успеа да ја затресе неговата мрежа. Тоа беше деветти гол за Ивановски оваа сезона.
Претходно Ивановски асистираше и за првиот гол на Славен Белупо…
По овој триумф, Славен Белупо се наоѓа на петтата позиција на табелата во хрватското првенство со 31 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА