Ракометарките на Вардар вечерва (19.30 часот) со гостувањето против Будуќност го заокружуваат настапот во главната фаза од групите во Лигата на шампионите, дел од сезоната што „црвено-црните“ го одиграа импресивно и сосема заслужено го осигураа првото место во групата. „Црвено-црните“ се сигурно први, Будуќност веќе го осигура пласманот во четвртфиналето, така што овој меч нема никакво резултатско отповарување за ракометарките на двата тима.
Дибирова има можност за експеримент на оваа средба пред клучните дуели сезонава, но „вардарки“ на овој натпревар ќе бидат ослабени поради неиграњето на Андреа Лекиќ, која нема да може да им помогне на своите соиграчки во Подгорица.
Лекиќ беше најдобра поединка на последната победа против Битигхајм, но денеска нема да може да настапи, се со цел максимално да биде подготвена за четвртфиналето, а потоа и за Ф4 турнирот во Будимпешта. Само за потсетување, Србинката е една од трите ѕвезди на Вардар што веќе потпиша договор за наредната сезона со ЧСМ Букурешт, заедно со Цвијиќ и со Радичевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА