Крајно несекојдневна ситуација, кога е во прашање високо професионалниот фудбал, се случи на дуелот од шпанската Примера меѓу Еибар и Реал Мадрид на кој „кралевите“ славеа со 1-2.
Реал во второто полувреме пет минути мораше да игра без капитенот Серхио Рамос кој во 76. минута го напушти теренот истрчувајќи кон соблекувалните. Никој не знаеше што се случува и која е причината за неговото итно заминување под трибините. Но, Зинедин Зидан на крајот од мечот ја објасни ситуацијата…
„Рамос мораше до тоалет, малку се ‘искака’, па итно беше неизбежно да ја реши таа ситуација“ – рече Зидан, во шегови тон пред шпанските новинари кои не можеа да го прекинат смеењето на прес-конференцијата по ова објаснување од стратегот на „кралевите“.
Típico apretón. / Nature calls.?
Salir. Entrar. / Out & back in. ??♂
Vuelta a la carga. / Reload. ?
Gol del equipo. / Team goal. ⚽️
➕3⃣
Y vuelta a casa. / Back home. ?
¡Seguimos! / Let’s keep it up.?#HalaMadrid pic.twitter.com/2r67vxEZlq— Sergio Ramos (@SergioRamos) March 10, 2018
А, навивачите на трибините дури по неговото враќање на теренот во 81. минута видоа дека нешто се случува. Реал во тие моменти имаше 1-1 на теренот, а играше со 10 фудбалери затоа што веќе беа извршени трите замени. До победата дојдоа со голот на Роналдо во 84. минута, и по враќањето на Рамос на терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА